„Стандард енд Пурс“ го намали рејтингот на Грција

11.06.2015 11:23

Според агенцијата, Грција ќе го прекине исплаќањето на својот долг оваа година, доколку не постигне спогодба со кредиторите.

Меѓународната агенција „Стандард енд Пурс“ го намали за уште еден степен кредитниот рејтинг на Грција и даде негативна перспетива зе земјата.

Според агенцијата, Грција ќе го прекине исплаќањето на својот долг оваа година, доколку не постигне спогодба со кредиторите.

Според „Стандард енд Пурс“, Грција покажала дека нејзин приоритет се пензиите и другите внатрешни трошоци наместо навремените исплаќања на долгот.