Сиднеј: Меѓународна конференција за спротивставување на екстремизмот
Австралискиот премиер, Тони Абот, изјави дека со терористичката група „Исламска држава“ не треба да се преговара туку дека треба да се води безмилосна борба...

Претставници на 27 држави од азиско-пацифичкиот регион денеска во Сиднеј ќе учествуваат на отворената Меѓународна конференција за спротивставување на екстремизмот.
Австралискиот премиер, Тони Абот, изјави дека со терористичката група „Исламска држава“ не треба да се преговара туку дека треба да се води безмилосна борба. Главна задача на конференцијата е барање на ефективни методи за справување со пропагандата на ИД, која врбува илјадници млади од голем број држави.
Во работата на форумот учествуваат и претставници на најголемите интернет компании, вклучително „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“.
