Непал: Најмалку 15 исчезнати во свлечиште
11.06.2015 12:27
Локалните власти стравуваат дека исчезнатите загинале во свлечиштето што се случило во исклучително непристапна област...

Најмалку 15 лица се водат за исчезнати во свлечиште предизвикано поради обилните дождови во североисточнит планински дел на Непал каде што шест села се целосно затрупани.
Локалните власти стравуваат дека исчезнатите загинале во свлечиштето што се случило во исклучително непристапна област.
Непал се уште се опоравува од двата разорни земјотреси што се случија во април и во мај годинава, и во кои загинаа околу 8.700 луѓе.
