Акција на МВР

Околу 120 мигранти откриени во Ваксинце

11.06.2015 12:51

Против луѓето коишто асистирале во криумчарењето на мигрантите ќе бидат поднесени пријави...

Рано изутрината полицијата спроведе акција во кумановското село Ваксинце, каде што илегално престојувле голем број илегални мигранти.

Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.

Против луѓето коишто асистирале во криумчарењето на мигрантите ќе бидат поднесени пријави.

Во акцијата е пронајдено и едно лице кое се барало по потерница за извршено убиство. Повеќе информации од МВР најавуваат во текот на денот.