Груевски на форум „Кран Монтана“ во Брисел
Продолжуваме да работиме напорно на успешната хармонизација за применување на европските стандарди и критериуми за добробит на нашите граѓани, порача премиерот Груевски...

Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел учествува на престижниот „Кран Монтана“ форум кадешто има и свое обраќање.
Стратешка цел на Македонија е да стане полноправна земја-членка на ЕУ и НАТО, тоа е во интерес на сите граѓани и ќе доведе до подобра иднина, економски раст и развој, како и зајакнување на мирот и стабилноста на земјата и на целиот регион, порача премиерот Груевски.
„Продолжуваме да работиме напорно на успешната хармонизација за применување на европските стандарди и критериуми за добробит на нашите граѓани. ЕУ, САД и другите нашите меѓународни партнери имаат голем придонес во процесот на интеграција и членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Македонија никогаш не го смета овој ангажман како хендикеп, туку како поттик во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО. Република Македонија се соочува со политичка криза. Политичкото раководство на земјата инвестира во надминување преку дијалог“, изјави премиерот Никола Груевски.
Меѓу другите учесници на форумот се и Ален Лероа,генералниот секретар на Комитетот за надворешни работи на Европската Комисија, како и поранешниот албански претседател и лидер на актуелната опозиција, Сали Бериша.
