Украина: 5 загинати во гранатирање на болница

11.06.2015 13:49

Во соопштението од Министерството за одбрана на самопрогласената република Доњецк се наведува дека гранатирани биле станбените делови на Горловка...

Пет цивили загинаа, од кои две деца и три жени кога украинските сили го гранатирале украинскиот град Горловка, на југоистокот од Украина.

Во соопштението од Министерството за одбрана на самопрогласената република Доњецк се наведува дека гранатирани биле станбените делови на Горловка.

Притоа биле оштетени една градинка, болница и осум куќи. Гранати паднале и во кругот на една фабрика и печатница.