Обновена патната мрежа во Волково
11.06.2015 13:52
Станува збор за инвестиција вредна од 81.000 евра...

Локалниот пат од Стопански двор кон село Свиларе во должина од 786 метри и 4 метри ширина и од Стопански двор кон локалните гробишта со должина од 284 метри и 7 метри широчина во населба Волково, општина Ѓорче Петров денеска свечено беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција вредна од 81.000 евра.
Во текот на оваа година, според министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, ќе се обноват нови 46 локални патни правци во 36 општини со должина од 57 километри, за што инвестицијата ќе изнесува 7,20 милиони евра.
