Директорите на ФЗОМ ќе ги посетат стручните служби низ Македонија
Идејата е да се подобри ефинасноста на вработените и решавање на проблемите на осигурениците за пократок временски период...

Еден ден во неделата директорите на Фондот за здравствено осигурување ќе поминуваат во подрачните служби низ земјава. Прва беше скопската подрачна служба. Од другата страна на шалтерот, вршеа увид дали вработените има проблеми во работата- идејата е да се подобри ефинасноста на вработените и решавање на проблемите на осигурениците за пократок временски период.
„Идејата на ваквиот пристап е да ја зголемиме транспарентноста на Фондот, да ја подобриме ефикансноста на нашите вработени и да влијаеме на нашите вработени за забрзување на процедурите и за решавње на проблемите на нашите осигуреници за што пократко време“, потенцира директорот на Фондот, Сашо Стефаноски.
Информира дека одржале колегиуми со стручните служби, се сретнале со лекарските комисии кои ги вршат процедурите на одобрување за боледувања.
