Приведени четворица жители на Ваксинце- криумчареле мигранти
11.06.2015 15:00
При претрес на десет куќи во селото, во пет од нив полицијата пронашла 128 мигранти од Сирија и од Ирак...

Четворица жители на кумановско Ваксинце се приведени синоќа под сомнение за криумчарење мигранти. Своите домови им ги изнајмувале по сума од 1.500 евра месечно.
При претрес на десет куќи во селото, во пет од нив полицијата пронашла 128 мигранти од Сирија и од Ирак. На распитот во полицијата тие рекле дека влегле преку Грција, а целта им биле западноевропските земји.
Сите се засолниле во Ваксинце и не биле принудени да останат во селото.
