Средношколците полагаат државна матура
Се проверуваат знаењата по мајчин јазик. На 15 јуни се полага странски јазик, а на 17-ти математика, а четири дена подоцна, на 19 јуни, се полагаат: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика...

За едни лесно, за други тешко. Поделени ставовите на средношколците кои денеска го полагаа првиот задолжителен предмет од државната матура, мајчин јазик и литература. Иако имаат четири часа да напишат есеј и да одговорат на зададените прашања, на некои им беа доволни само час и половина.
Директорот на медицинското училиште, задоволен како тече полагањето на матурата.
Пријавени се вкупно 17.643 матуранти. Државниот испитен центар осми пат по ред го спроведува полагањето. Оттаму очекуваат полагањето да помине во најдобар ред.
Од другите предмети најмногу пријавени има повторно за англиски јазик над 16 илјади, а за математика, како и лани се пријавиле околу 2.600 матуранти. Тие ќе се полагаат во период од 15 до 19 месецов. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени за 30 дена.
Матурантите кои не се задоволни од нив имаат право на приговор за кој ќе треба да платат 1.000 денари.
Наташа Јанчиќ
