Вајгл: Некои политички актери немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија

11.06.2015 17:13

Известувачот од ЕП за Македонија посочи дека има намера за активно да учествува да се најде решение за излез од политичката криза на Македонија...

Јас сум бесен и разочаран и не сакам да давам изјава на тој начин. Ова го истакна европратеникот Иво Вајгл, кој е дел од преговорите. Не сакам да кажам дека сум разочаран со вчерашниот дијалог, туку со резултатот на развојот на настаните со дијалогот. Се разбира, големо е разочарувањето од односот на некои политички актери, кои очигледно немаат чувство за евро-атлантската иднина на Република Македонија, истакна Вајгл.

Известувачот од ЕП за Македонија посочи дека има намера за активно да учествува да се најде решение за излез од политичката криза на Македонија, бидејќи, како што вели - во прашање е кандидатурата на Македонија за членство во Унијата.