Наградени најдобрите млади програмери
Агенцијата за малди и спорт додели награди за најдобрите софтвер-инженери во вредност од 150 илјади денари...

Финансиски поттик за младите програмери. Агенцијата за малди и спорт додели награди за најдобрите софтвер-инженери во вредност од 150 илјади денари.
Најдобри млади програмери за оваа година се Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски, Димитар Бајрактаров и Михаил Денковски. Годинашните лауреати освен што добија парични награди, добија и стипендии за бесплатно студирање на ФИНКИ.
Тие победија на државните натпревари по информатика и ќе ја претставуваат Република Македонија на Балканската и Светската олимпијада по информатика и програмирање.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески истакна дека целта на проектот е поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но тој е и можност да се стимулираат младите средношколци да го продолжат своето образование на техничките науки.
