Министерот Јолевски ќе учествува на Глобалниот форум „Вроцлав 2015“
12.06.2015 10:41
Најавено е обраќање и дискусија на Јолевски на панелот посветен на „Патот кон Европа“...

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува на глобалниот форум „Вроцлав 2015“, што денеска и утре се одржува во Полска.
Најавено е обраќање и дискусија на Јолевски на панелот посветен на „Патот кон Европа“, модериран од Марцин Заборовски, директор на полскиот Институт за меѓународни работи.
Ќе има обраќање и на министрите за надворешни работи на Грузија и на Молдавија.
