Општина Дебар доби сообраќајни регистарски таблички со ознака ДБ

12.06.2015 10:50

Новата ознака ќе биде ДБ, и ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа. Во двете општини има околу четири илјади возила...

Донесена е одлука, со која се одобрува нова ознака за сообраќајните регистарски таблички за возилата во општина Дебар. 

Новата ознака ќе биде ДБ, и ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа. Во двете општини има околу четири илјади возила.

Дебар беше една од малкуте општини во земјава, што немаа сопствени регистарски таблички.