Расте невработеноста во Грција

12.06.2015 11:01

На крајот на март бројот на вработени лица во Грција изнесувал 3.504.446, а на невработени 1.272.542 лице...

Невработеноста во Грција повторно бележи зголемување, достигнувајќи 26,6 проценти во првото тримесечје на 2015 година, во споредба со 26,1 отсто во последното тримесечје на 2014 година, објавија грчките медиуми.

На крајот на март бројот на вработени лица во Грција изнесувал 3.504.446, а на невработени 1.272.542 лице. Сепак, стапката на невработеност бележи пад во однос на истиот период минатата година, кога невработеноста достигна рекордни 27,8 отсто.