ЕП усвои необврзувачка резолуција за продолжување на санкциите кон Русија

12.06.2015 11:33

Во текстот се нагласува дека Европарламентот смета, оти односите со Русија на подолг рок треба да базираат на соработка, а не на конфронтации...

Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција, со која се повикуваат владите на земјите-членки на ЕУ, да не отстапат од договорените санкции што се воведени кон Русија.

Во текстот се нагласува дека Европарламентот смета, оти односите со Русија на подолг рок треба да базираат на соработка, а не на конфронтации, но дека довербата не може да биде повратена, се додека Москва не се откаже од анексијата на Крим и не ги исполни обврските од договорот од Минск.

„За“ резолуцијата гласале 356 европратеници, додека 183 гласале „Против“.