ММФ ги напушти преговорите со Грција во Брисел

12.06.2015 12:07

Атина не успеала да понуди остарлив план на реформи, иако до крајот на јуни треба да им врати 1,6 милијарди евра на кредиторите...

Преговарачкиот тим на Меѓунардниот монетарен фонд ги напушти разговорите со Грција во Брисел, и се врати во Вашингтон, со оценка дека двете страни „се многу далеку од договор“.

Атина не успеала да понуди остарлив план на реформи, иако до крајот на јуни треба да им врати 1,6 милијарди евра на кредиторите.

ММФ инсистира на реформи на пензискиот систем, што за владата во Атина е неприфатливо, и ја води Грција на работ на банкрот.