Свечено отворени 52-те Рацинови средби

12.06.2015 12:46

Велешани и годинава ја имаа привилегијата да се дружат со поезијата на Кочо Рацин, чие дело е синоним за националната култура и уметност. На синоќешното отворање на фестивалот на поезијата беа доделени и две нови награди...

Велес, гардот на Рацин по 52 пат го чествува споменот за човекот кој е длабоко врежан во секоја пора од општественото живеење. Неговото дело, синоним за националната култура и уметност силно пулсира промовирајќи ја неговата мисла бесмртна која секаде со светот различно се пишува , но секаде исто значи и исто зрачи.

Рацин преку поезијата ширеше љубов. Потикнати токму од тоа, организаторите одлучија да доделат две нови награди. За твитеџиите „Напиши Љубов во 140 карактери“ и „Антологија на болката“- за дебитантска необјавена збирка љубовна поезија. Сузана Mицева и Рамадан Rамнадани се носители на наградите.

Новиот концепт на манифестацијата и 16-те настани поврзани еден со друг се освежување на манифетсацијата. Негувањето и промовирањето на Рацин како поет и револуционер е привилегија за Велешани.

Вечерва Рациновите средби породолжуваат со доделување на наградите на добитниците на Рациновото признание.

Дијана Иванова