Австралија на оригинален начин се справува со емигрантите
12.06.2015 13:11
Австралискиот премиер не ги демантираше тврдењата, но додаде дека владата има „извонредно креативен приод“ за да го запре напливот на бродови со илегални имигранти...

Австралиски воен брод им платил на капетанот и на членовите на екипажот, бродот полн со емигранти да го вратат во Индонезија.
Австралискиот премиер не ги демантираше тврдењата, но додаде дека владата има „извонредно креативен приод“ за да го запре напливот на бродови со илегални имигранти, кои настојуваат да стигнат до Австралија.
Официјална Џакарта, во меѓувреме, изрази „загриженост“ поради ваквата состојба. На бродот имало имигранти од Бангладеш, Мјанмар и Шри Ланка кои биле на пат за Нов Зеланд.
