Фудбал

И дамите играат врвен фудбал на СП во Канада

12.06.2015 14:38

Мирољубивите 1:1 им одговараат и на двајцата на некогашни светски шампиони, Германија и на Норвешка...

Експанзијата на женскиот фудбал пак, почна со првото Светско првенство пред 14 години. На мундијалот во Канада вистинските возбудувања се очекуваат во нокаут фазата затоа што за повеќе од половина  од 24-те репрезентации ќе има место во осминафиналето. Кина е блиску затоа што ја совлада Холандија со 1:0 со голот на Ванг и по две кола е лидер во Групата А со четири бода. Холанѓанките имаат три исто како и Канада којашто одигра 0:0 со Нов Зеланд.

Мирољубивите 1:1 им одговараат и на двајцата на некогашни светски шампиони, Германија и на Норвешка затоа што по четири бода се во предност во однос на дебитантите  во конкуренцијата Б, Тајланд и Брегот слонова коска. Германките кои шестпати по ред се најдобри во Европа водеа со голот на Митаг, додека Норвешка израмни преку Мјелде.

Тајланд ја оствари првата мундијалска победа во историја. 3:2 против Брегот слонова коска за големи шанси за пласман во осминафиналето. Африканките ги постигнаа првит гол на натпреварот, стрелец беше преку Нгуесан и последниот преку Нахи, но меѓу нив за азискиот претставник погодија двапати Сримане и Чавонг.