Фудбал

Чиле сонува титула на Копа Америка

12.06.2015 14:39

Чилеанците стартуваа со победа од 2:0 против Еквадор пред 55 илјади гледачи на Националниот стадион во Сантијаго...

Јужноамериканската страст за фудбалот е неизмерлива, па затоа континенталното првенство е спектакл. 44-то издание на Копа Америка има и дополнителна привлечност бидејќи домаќинот Чиле никогаш не бил шампион, а четирипати бил поразен во финалињата.

Чилеанците стартуваа со победа од 2:0 против Еквадор пред 55 илјади гледачи на Националниот стадион во Сантијаго. Видал од пенал во 67-та и Варгас во 83-та минута ја продолжија доминацијата на Чиле во меѓусебните дуели со Еквадор на јужноамериканските шампионати. Со овој меч, Чиле има импозантни 12 триумфи и по едно нерешено и пораз. Во фрупата А се и гостинот Мексико и Боливија.

По две репрезентации од шесте групи ќе играат во четвртфиналето во коешто ќе влезат и двете најдоброрангирани третопласирани селекции.