УНЕСКО го осуди нападот на Сана во Јемен

12.06.2015 15:08

Во нападот во којшто загинале пет цивили, се уништени објекти во квартот Касими кои биле изградени пред 11-от век, велат во УНЕСКО...

Организацијата за заштита на културното наследство на Обединетите Нации, УНЕСКО го осуди утринскиот напад на саудиското воено воздухопловство врз Сана во Јемен во којшто речиси е уништен дел од стариот град.

Во нападот во којшто загинале пет цивили, се уништени објекти во квартот Касими кои биле изградени пред 11-от век, велат во УНЕСКО. Главниот град на Јемен постои веќе 2.500 години, а на листата на заштитени градови на УНЕСКО е од 1986 година.

Директорката на организацијата, Ирина Бокова изјави дека „била шокирана од нападот во којшто културното наследство, кое вклучува и висечки градини и мозаици, било срамнето со земјата“.