Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја
15.06.2015 09:53
Министерството за здравство, соопшти дека епидемијата нема голем прогрес, но очекуваат уште заболени...

Пет нови случаи на заболени и еден починат од респираторниот вирус МЕРС во Јужна Кореја. Бројот на починати се искачи на 16, додека 150 луѓе се заболени.
Министерството за здравство, соопшти дека епидемијата нема голем прогрес, но очекуваат уште заболени.
Во Саудиска Арабија се хоспитализирани пет сомнителни, вчера беше регистриран и прв случај на заболен во Словачка.
