Континуирано меѓу елитата

15.06.2015 13:49

Континуитет,резултат достоен за почит.Македонската ракометна репрезентација и на почетокот на идната година ќе биде меѓу елитата,меѓу 16-те репрезентации на европското првенство во Полска...

4-ри пати на светско,4-ти пат на европско.6-ти настап во последните 7 години на големите натпреварувања.Континуитет,резултат достоен за почит.Македонската ракометна репрезентација и на почетокот на идната година ќе биде меѓу елитата,меѓу 16-те репрезентации на европското првенство во Полска.И како и секогаш,не беше лесно,нашите ракометари не се прошетаа низ квалификациите,но и не чекаа помош од никого.Ги надминаа проблемите,ги надоместија отсуствата,во Сент Гален ја декласираа Швајцарија,на решавачкиот меч во Скопје можеби потешко од очекувањата ,но и сосема заслужено ја победија Чешка.

Ждрепката за европското во Полска е в петок во Краков.Со освоеното второ место во групата зад носителот на трите круни Франција ,Македонија ќе биде  во третиот сад на извлекувањето.Ќе ги избегнеме Русија,Германија и Белорусија,а можни противници од првиот сад според резултатите во квалификациите  ни се : Франција,Данска,Шпанија и Хрватска,од вториот Исланд ,Полска Шведска и Унгарија и според пласманот во квалификациите од четвртиот сад ќе очекуваме една од четирите можни селекции:Србија,Норвешка ,Словенија и единствениот среќен губитник селекцијата на Црна Гора која единствено како третопласирана обезбеди европско првенство.

Од 15-31 јануари,натпреварите по групи домаќинот Полска во А групата ќе ги игра во Краков,Хрватска во катовице,Германците го избраа Вроцлав,а Данска Гдањск.Каде и против кого македонија ќе дознаеме в петок околу 15 часот.