Двајца тинејџери нападнати од ајкули во Северна Каролина
15.06.2015 14:11
14-годишно девојче при нападот се здобило со сериозни повреди на левата рака и нога...

Двајца тинејџери се тешко повредени во два одвоени напади од ајкули во Северна Каролина.
14-годишно девојче при нападот се здобило со сериозни повреди на левата рака и нога, а неколку часа подоцна било нападнато и момче на кое му е откината едната рака.
Децата со хеликоптери се пренесени во најблиските болници.
