Голем пожар во црква во Франција

15.06.2015 15:31

Пожарот избувнал за време на утринската миса, но сите верници биле навреме евакуирани...

Голем пожар избувна изутрината во црквата Сент Донатен од 19-тиот век во францускиот град Нант. 40 пожарникари се борат со огнената стихија.

Пожарот избувнал за време на утринската миса, но сите верници биле навреме евакуирани.

Локалните медиуми соопштуваат дека огнот се шири со голема брзина.