Промовирана монографија за актерот Бранко Ѓорчев
На фестивалот „Војдан Чернодрински“ посебна чест за починатиот актер Бранко Ѓорчев. Промовирана е монографијата за овој исклучително креативен театарски уметник...

Со видео потсетување на бројни неговите улоги, на 50-тиот МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е промовирана монографијата за актерот Бранко Ѓорчев. Над 30 години креативен актерски израз, со 46 улоги во матичниот, Драмски театар, 10- тина во МНТ и во македонските театри, со 26 ликови во ТВ серии и филмови, Ѓорчев остави неизбришливи траги во македонската уметност. Монографијата е дел од големиот мозаик за големиот уметник.
Во монографијата со текстови свој придонес имаат актери, режисери, писатели. Сите споени во една целина – со љубов и почит за Бранко Ѓорчев.
Монографијата репрезентативна ја прави и снимениот ДВД материјал кој ретроспективно ја доближува богатата актерска личност на Бранко Ѓорчев.
Елизабета Митревска
