Србија: Пронајдено телото на исчезнатото момче

15.06.2015 18:03

За сега не е позната причината за смртта, а повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата. Исто така не е познато ниту дали момчето само паднало во каналот или пак било фрлено.

Тело на момче кое одговара на описот на исчезнатиот Стефан Илиќ е пронајдено во реката Караш. За сега не е позната причината за смртта, а повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата. Исто така не е познато ниту дали момчето само паднало во каналот или пак било фрлено.

Првичните информации посочуваа на тоа дека детето било киднапирано, а во јавноста се појавија и снимки од возило за кое постоеа сомнежи дека учествувало во киднапирањето.  Телото го нашол локален жител на селото Банатска Суботица на околу 300 метри од семејната куќа на момчето.

12-годишниот Стефан исчезна во саботата, по што полицијата почна опсежна истрага во околните места.

Сите гранични премини беа строго контролирани, беше воспоставена соработка со романските власти, а фотографијата на момчето беше поставена на сите електронски медиуми.