Лавров- Кери: Сите страни треба да ги почитуваат договорите за Украина
16.06.2015 10:39
Лавров и Кери потенцирале дека се потребни дополнителни услови за спречување на нарушувањата на примирјето во источниот дел на Украина...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери ја потврдија неопходноста сите вклучени страни да ги почитуваат минските договори за Украина.
Лавров и Кери потенцирале дека се потребни дополнителни услови за спречување на нарушувањата на примирјето во источниот дел на Украина, кадешто од почетокот на конфликтот загинале над 6.000 лица.
Меѓудругото тие разговарале и за ситуацијата во Сирија, перспективите за решавање на конфликтите во Јемен и Либија како и развојот на преговорите за склучување конечен договор за иранската нуклеарна програма.
