Силите на сириските курди го преземале пограничниот град Тал Абијад

16.06.2015 11:02

Невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права соопшти дека најмалку 40 членови на ИД биле убиени при обид да избегаат од Тал Абијад...

Паравоените формации на сириските курди соопштија дека целосно го зазеле градот Тал Абијад, на границата со Турција, којшто досега беше под контрола на групата Исламска држава. 

Невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права соопшти дека најмалку 40 членови на ИД биле убиени при обид да избегаат од Тал Абијад.

Тал Абијад беше стратешки важен за џихадистите, бидејќи е најблискиот пограничен град до, според групата, престолнината на „исламскиот калифат“, Рака.