Тунис: Загинати полицајци во судир со џихадистите

16.06.2015 11:40

Полициски извори потврдиле дека се ранети уште 12 лица, меѓу кои и тројца припадници на безбедносните сили...

Четири полицајци се убиени во два судира со џихадистите во централниот дел на Тунис и на границата со Алжир. Во првиот обид загинале тројца полицајци коишто се обидувале да ги сопрат џихадистите.

Полициски извори потврдиле дека се ранети уште 12 лица, меѓу кои и тројца припадници на безбедносните сили, осум цивили и еден војник. Четвртиот полицаец бил убиен во потрага по избеганите џихадисти.

Судирите со бунотвниците зачестија по Туниската револуција во 2011 година кога почна Арапската пролет.