Голеада на Копа Америка
Домаќинот Чиле којшто никогаш не бил јужноамерикански шампион не успеа уште по второто коло да се пласира во четвртфиналето. Со нерешените 3:3, Мексиканците без разлика што играат како гости и со комбиниран тим ја потврдија позитивната традиција во дуелите со Чиле на популарната Копа...

Два меча во Групата А на Копа Америка, 11 голови и без триумф на фаворитите, но за потврда на традицијата. Домаќинот Чиле којшто никогаш не бил јужноамерикански шампион не успеа уште по второто коло да се пласира во четвртфиналето. Со нерешените 3:3, Мексиканците без разлика што играат како гости и со комбиниран тим ја потврдија позитивната традиција во дуелите со Чиле на популарната Копа. Ова беше второ реми, Мексико има три, Чиле две победи. Мексиканците двапати водеа, но на голот на Вуосо, одговори Видал, а по погодокот на Хименез на 2:2 израмни Варгас и сето тоа во првото полувреме. Во второто, Видал од пенал им донесе предност на домашните фудбалери, но третопласирниот Мексико го обезбеди вториот бод во групата со голот Вуосо.
Чиле е прв со четири бода колку што има и Боливија којашто славеше против Еквадор со 3:2. За Боливијците ова е втор триумф во меѓусебните континентални дуели со Еквадор којшто има само една победа. Нерешеното е најчесто, петпати. Ралдес, Смедберг и Морено и донесоа големи 3:0 на Боливија на полувремето и го казнија промашувањето од пенал на Валенсија. Фудбалерот на Вест Хем, делумно се оправда намалувајќи на 3:1, но убавиот погодок на Болањос го направи само интересен финишот на мечот. Еквадор е без бодови, но теоретски има шанси за едно од двете трети места коишто носат во нокаут фазата. Во последното коло, Еквадор ќе игра со Мексико, а Чиле против Боливија.
