Фудбал

Фаворитите според планот на женскиот Mундијал

16.06.2015 12:14

Во последното трето коло, домаќинот Канада го освои потребниот бод против Холандија. 1:1, за прво место во Групата А со пет бода...

Канада, Кина, Германија и Норвешка му се придружија на актуелниот светски шампион Јапонија во осминафиналето на женскиот Мундијал. Во последното трето коло, домаќинот Канада го освои потребниот бод против Холандија. 1:1, за прво место во Групата А со пет бода. На Кина пак и беше доволно нерешеното 2.2 против Нов Зеланд за втората позиција со четири бода. Исто толку собраа и Холанѓанките кои имаат еднаква гол разлика, но загубија во меѓуебниот дуел. Сепак, холандските дами се  блиску до нокаут сегментот затоашто се најдобри на табелата на третопласираните репрезентации.

Во конкуренцијата Б, расплетот беше поедноставен. Германија ја потврди лидерската позиција со триумфот против Тајланд со 4:0, а вторипласираната Норвешка славеше во дуелот со Брегот слонова коска со 3:1. Тајланѓанките се уште имаат шанси за осминафинале како дел од четворката третопласирани слекции со најмногу бодови.