Мохамед Морси осуден на доживотен затвор

16.06.2015 13:31

Врховрниот лидер на египетската организација Муслиманско братство, Мохамед Бади доби 25 годишна казна затвор во истиот случај...

Египетскиот суд денеска го осуди соборениот претседател Мохамед Морси на доживотен затвор, по обвинение за шпионажа во корист на палестински Хамас и Иран.

Врховрниот лидер на египетската организација Муслиманско братство, Мохамед Бади доби 25 годишна казна затвор во истиот случај. Вкупно 17 лица добија доживотен затвор.

Морси кон средината на минатиот месец заедно со уште 100 други лица беше осуден на смрт поради масовно бегство од затвор и напад врз полицијата во текот на бунтот против тогашниот претседател Хосни Мубарак во 2011 година.