Србија: Стефан не бил киднапиран, неговиот брат ја измислил целата приказна
Обдукцијата покажала дека смртта настапила со давење и на телото немало знаци на насилство и поврдени...

Стефан Илиќ, 12-годишното момче од Банатска Суботица, за кое цела Србија од саботата се крена на нозе, вчера беше пронајден мртов во река. Полицијата утврди дека момчето не било киднапирано и дека неговиот 9-годишен брат Урош ја измислил целата приказна.
„За жал пронаоѓањето на телото во реката само 100 метри од местото на кое се случило наводното киднапирање, укажува на фактот дека немало киднапирање“, изјави Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Србија.
Над 100 полицајци и граѓани беа ангажирани во потрагата, базирани на сведочењето на помалиот брат, но телото на Стефан случајно е пронајдено од соселанец. Она што јавноста ја зачуди е открититето на полицијата која утврди дека неговиот помал брат кој ја измислил целата приказна, бил натпросечно интелигентен со коефициент на интелигенција над 150, но и со особини на психопат. Сеуште се истражува дали Стефан бил турнат од брат му или сам се удавил
Големата полициска потрага и медумската кампања не треба да зачудува. Вчера за силување и убиство на 40 години затвор беше осуден убиецот на 15-годишната Тијана Ѓуриќ. Пред три месеци полицијата успешно го реши киднапирањето на 2-годишната Маша од Белград. Затоа овие и други бројни случаи беа мотив за големи полициски и медиумски акции.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
