Убиен вториот човек на Ал Каеда!
Убиен е во воздушните напади на САД на југоистокот на Јемен во пристанишниот град Мукала...

Во филмуваното соопштение кое го објави медиумското крило на озлогласената терористичка формација на Арапскиот полуостров е потврдена смртта на вториот човек на Ал Кеда и водачот на јеменскиот огранок Насие ел Вахајши. Тој е убиен во воздушните напади на САД на југоистокот на Јемен во пристанишниот град Мукала.
„Ал Каеда, Арапскиот полуостров и муслиманскиот свет жалат поради загубата на Насие ел Вахајши. Алах да има милост за неговата душа. Тој почина за време на американскиот напад заедно со двајца негови колеги“, изјави портпаролот на Ал Каеда.
Вахајши беше втор човек на оваа терористичка формација и поранешен секретар на убиениот лидер на озлогласена мрежа на Осама Бин Ладен. Од 2007-тата беше на чело на јеменскиот огранок на Ал Каеда, а се смета и за одговорен за подготовките на неуспешните експлозии во американскиот авион на Божик 2009-та, како и за смртоносниот напад врз францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо во Париз годинава. САД нудеа десет милиони долари за информацијата, каде се наоѓа Ел Вахајши. Во објавената видеоснимка портпаролот го објави името на новоназначениот лидер Касим ел Рими, воен командант од јеменскиот огранок на Ал Каеда, познат под името Абу Хуреираал Санани.
„И покрај овие случувања, нашата борба продолжува. Достоен наследник е избран на состанокот на советот. Господ нека го заштити и него и нашата вера“, додаде портпаролот на Ал Каеда.
Ал Каеда на арапскиот полуостров се смета за група која најмногу може да им наштети на американските интереси. Стручните лица за безбедност во Американскиот конгрес сметаат дека смртта на Вaхајши е голема загуба за Ал Каеда, но демантираат дека американски воени сили учествувале во нападот.
Маријана Димовска
