Рим и Париз играат пинг- понг, мигрантите на ничија земја!

16.06.2015 17:06

Петти ден, живот на карпи. Франција не дозволува на нејзина територија да влезат 200 мигранти од Италија. Официјални Рим и Париз донесоа ригозорни одлуки за луѓето кои нелегално се движат низ нивните земји...

Гладни, боси изнемоштени, веќе петти ден по ред повеќе од 200 емигранти од Либија и Сомалија,  деноноќието го минуваат оставени сами на себе. Ја чекаат одлуката на француската влада да ги прими на нивна територија. Но, владата во Париз донесе ригорозна одлука, нема влез за овие луѓе. Француското министерство за надворешни работи соопшти дека се зголемени контролите на сите гранични премини, поради напливот на мигранти.

„Не знаеме што да правиме. Тука е италијанската полиција, од другата страна на границата е француската полиција. Ние живееме на граница. Никој не се грижи за нас. Каде да одиме? Италија вели одете во Франција, официјален Париз не враќа во Рим“, вели еден емигрант.

Италијанската полиција почна сосила да ги качува во автобуси, но повеќето почнале да даваат отпор.

„Француската и италијанската влада одговорноста за овие луѓе меѓусебе си ја додаваат како игра со пинг пинг топче. Тие не знаат што да прават.“

Дел од граѓаните се соживеаја со судбината на овие луѓе кои ги напуштиле домовите, поради војната во нивните земји.

„Сакаме нашите деца да видат како луѓето се мачат. Се обидуваме да им помогнеме им носиме пица, вода , свежи пијалоци и овошје.“

Од друга страна италија, која е прва на удар од бранот бегалци преку Медитеранот, ја разгледува можноста да им обезбеди дозволи за работа. Со тоа овие луѓе би добиле легален статус и право да престојуваат во некоја од земјите на ЕУ.

Досега повеќе од 100.000 мигранти преку медитеранот пристигнале во Европа, соопштија ОН, нарекувајќи го „драматично зголемување“ на пристигнувањето на бегалците.

На патот кон европскиот континент животот го загубиле околу 1.800 мажи, жени и деца, а повеќето од нив се удавиле.

 

Марија Петковска