Нема злоупотреба на буџетот при кампања
15.01.2014 15:06
Власта и опозицијата постигнаа усогласеност околу изборниот законик

Клучен тест за практичната реализација на договореното ќе бидат претседателските избори. Со новите измени се одделува државата од партијата, забрането е почнување со градби, фрлање лопати, пуштање во употреба на објекти изградени со буџетски средства. За непочитување на оваа одлука е предвидена затворска казна од 6 месеци до една година. Учесниците на средбата ја поздравија постигнатата усогласеност каде што беа прифатени клучните забелешки коишто кореспондираат и со забелешките од ОБСЕ/ОДИХР.
