Почнува осмиот Фестивал на француски филм во Македонија
17.06.2015 10:37
Ќе бидат прикажани најнови филмови снимени минатата и оваа година, а покрај проекции ќе има и средби и разговори со ексклузивните гости...

Со филмот „Борците“ на Тома Каје, добитник на две награди „Цезар“, за најдобар дебитантски филм и за најдобра актерка, вечерва во Кино „Милениум“ ќе биде отворен осмиот Фестивал на француски филм во Македонија, кој ќе се одржува до 20 јуни во Скопје и Охрид.
Ќе бидат прикажани најнови филмови снимени минатата и оваа година, а покрај проекции ќе има и средби и разговори со ексклузивните гости, работилници, музичка вечер на францускиот оркестар F.A.M.E.'S. со седиште во Скопје и првпат годинава натпревар „Моето прво минивидео“.
