13 деца загинаа во напад на сириските сили

17.06.2015 10:47

Сириските сили нападнале училиште во момент кога во него имало настава...

Најмалку 16 лица, од кои 13 деца беа убиени во удар на сириските воено-воздухопловни сили врз градот Гарија во јужната провинција Дара. Сириските сили нападнале училиште во момент кога во него имало настава.

Сириските бунтовници напредуваат кон Дара, која се смета за место од каде почна револуцијата против претседателот Башар Асад, и се претвори во граѓанска војна што трае веќе четири години.