Конечно светлина во стечајниот тунел
Стечајците ја поздравија владината одлука за згрижување на околу 3 илјади работници кои беа прогласени за технолошки вишок. Дотаму дошле како резултат на затворањето на фирмите што биле со доминантен државен капитал . Велат, агонијата е конечно зад нив.
Стечајците ја поздравија владината одлука за згрижување на околу 3 илјади работници кои беа прогласени за технолошки вишок. Дотаму дошле како резултат на затворањето на фирмите што биле со доминантен државен капитал . Велат, агонијата е конечно зад нив.
-Благодарам до Владата што најде сили, можности и финансии,но и конечно оваа категорија работници кои останаа не по нивна вина , туку по вина на други , а до ден денес не беа згрижени , со овој Закон мислам ќе бидат доста радосни, вели Стојан Стојанов – претседател на здружението на стечајците.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на средбата со претставници на здруженијата на стечајците им ги образложи новите владини мерки. Паричен надомест ќе добиваат и оние што работеле во фирмите, а отишле под стечај и по 2004-тата до 31 декември 2013 година.Ќе добијат по 7 илјади и сто денари месечно, пари од државата со кои ќе си обезбедат егзистенција.
Вкупниот износ на средства кој се предвидува е околу 4 милјони евра, а се планира да се опфатат до 3 илјади невработени лица, рече министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
Овој закон важи само за стечајците што работеле во фирми со доминантна државна сопственост кои имаат 25 години работен стаж и договорот го немаат прекинато на сопствено барање. Оваа категорија граѓани во повеќе наврати протестираа и бараа заштита.
Автор:Наташа Гркова – Петрушевска
линк од видеото: mrt.com.mk
