Почина поранешниот турски претседател Сулејман Демирел

17.06.2015 10:52

Toj беше шеф на турската држава од 1993 до 2000 година, а претходно петпати беше премиер на Турција...

На 90-годишна возраст во болница во Анкара почина поранешниот турски претседател Сулејман Демирел. Toj беше шеф на турската држава од 1993 до 2000 година, а претходно петпати беше премиер на Турција.

Во последниот век тој беше една од доминантните фигури во турската политика. Неговите влади двапати беа соборени од власт со државен удар.