ОН: Околу 250 илјади деца може да умрат од глад во Јужен Судан

17.06.2015 11:17

ОН побараа донации од 1,63 милијарди долари за државата во која две третини од 12-милионското население има потреба за помош, а 4,6 милиони се соочуваат со недостиг од храна...

Околу 250.000 деца може да умрат од глад во Јужен Судан каде што 18 месеци се води граѓанска војна. Поради кризата, ОН побараа донации од 1,63 милијарди долари за државата во која две третини од 12-милионското население има потреба за помош, а 4,6 милиони се соочуваат со недостиг од храна.

Конфликтот во Јужен Судан почна во декември 2013 година кога армијата се подели на две страни меѓу приврзаниците на претседателот Киир и на поранешниот потпретседател Мачар.