ЕУ без согласност околу распределбата на имигрантите

17.06.2015 11:19

Околу 100 илјади имигранти влегле во Европа од почетокот на оваа година до сега, а околу 2 илјади загинале или се водат како исчезнати во опасните обиди да стигнат до копно...

Земјите членки на Европската Унија не успеаа да се договорат околу итен план за распоредување на илјадниците бегалци што го минуваат Средоземјето. Околу 100 илјади имигранти влегле во Европа од почетокот на оваа година до сега, а околу 2 илјади загинале или се водат како исчезнати во опасните обиди да стигнат до копно.

Најголемиот број од нив стигнуваат од Италија и Грција, а голем број се очекува да пристигне во летниот период од јуни до септември. Во Грција, стотици сириски и ирачки бегалци вклучувајќи и жени и деца протестираа на источниот грчки остров Лезбос барајќи подобри услови за живот и побрзо процесиуирање на нивните барања за азил.