Путин: Поголема закана е системот за противракетна одбрана
17.06.2015 11:27
Путин истакна дека ако некој ја загрозува територијата на Русија, таа треба да го насочи оружјето кон тие земји, од кои доаѓа заканата...

Рускиот претседател Владимир Путин не гледа реална закана во изјавите на западот за можно распоредување тешко вооружување во Европа. Според него, поголема закана е противракетната одбрана.
Путин истакна дека ако некој ја загрозува територијата на Русија, таа треба да го насочи оружјето кон тие земји, од кои доаѓа заканата. Меѓудругото рече и дека Русија не е никаква закана за Финска, и дека најдобрата гаранција за безбедноста на Финска е нејзиниот неутрален статус.
