Фудбал

Фалкао во Челзи

17.06.2015 11:30

Иницијативата за овој трансфер е покрената од тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, кој изразил желба да го доведе Фалкао на „Стемфорт Бриџ“ и да му помогне да го врати некогашниот напаѓачки сјај...

Радамел Фалкао останува да  игра во англиската Премиер лига! Според „Скај спорт“, 29-годишниот Колумбиец е на пат маичката на Манчестер Јунајтед да ја замени со дресот  на Челзи и во следната сезона да  го носи како позајмен играч.

Иницијативата за овој трансфер е покрената од тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, кој изразил желба да го доведе Фалкао на „Стемфорт Бриџ“ и да му помогне да го врати некогашниот напаѓачки сјај.

Деталјите од договорот сеуште се финализираат. Во изминатата сезона Фалкао не успеа да ги исполни очекувањата на Луј Ван Гал! Како позајмен играч од Монако, одигра 29 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна само 4 гола.

Трансферот на Фалкао во 2013-та година од Атлетико Мадрид во Монако беше вреден 50 милиони фунти.