Дваесетта жртва на МЕРС во Јужна Кореја
17.06.2015 12:53
Здравствените власти во Сеул соопштија дека до денеска се потрошени 49 милиони долари неопходни за вонредните мерки за спречување и локализирање на болеста...

Јужна Кореја соопшти дека бројот на починати лица од вирусот МЕРС се искачи на 20. Бројката на заразени со вирусот, кај нас познат и како нилска треска, се искачи на 163, а во карантин се 5.586 лица.
Здравствените власти во Сеул соопштија дека до денеска се потрошени 49 милиони долари неопходни за вонредните мерки за спречување и локализирање на болеста.
Корејските медиуми пишуваат дека се прават обиди со препарати од традиционалната медицина да и се стави крај на ширењето на опасната болест.
