Соботка: Напливот на мигранти ќе го колабира европскиот социјален систем
Според Соботка, за сегашната криза не се решение ниту задолжителните квоти за прифаќање бегалци, ниту пак зголемувањето на граничните контроли во рамките на Шенген зоната...

Чешкиот премиерот Бохуслав Соботка предупреди на можен колапс на европските социјални системи пред напливот на мигранти.
Според Соботка, за сегашната криза не се решение ниту задолжителните квоти за прифаќање бегалци, ниту пак зголемувањето на граничните контроли во рамките на Шенген зоната. Тој смета дека е неопходно да се стабилизираат земјите од каде што луѓето бегаат во ЕУ и да се подобри безбедноста на надворешните граници на Шенген зоната.
„Европа не е во состојба да се справи со таков прилив на бегалци. Доколку продолжи и во наредните месеци, тоа може да доведе до колапс на европските системи на социјална помош“, изјави Соботка, додавајќи дека не е можно да се отворени границите на Шенген зоната за економски мигранти.
