СП фудбал за играчи под 20 години

Бразил за шестата, Србија за прва круна

17.06.2015 15:37

Иако имаа шанси да го решат натпреварот уште во почетната фаза, Србите примија гол во 39-тата минута. Јусуф Коне ја прати топката на вистинското место и му овозможи на Мали да се надева дека ќе го надмине успехот од 1999-та кога беше третопласиран...

Бразил и Србија ќе играат во финалето на Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години. На терените во Нов Зеланд „кариоките“ ќе се борат за шестиот мундијалски медал во оваа возрасна категорија, а Србите за првиот, откако во полуфиналето во Оукленд го совладаа составот наМали со 2-1 по продолженија.  Андрија Живковиќ ја затресе мрежата уште во чегвртата минута и му донесе предност на тимот предводен од родениот струмичанец Вељко Пауновиќ. Иако имаа шанси да го решат натпреварот уште во почетната фаза, Србите примија гол во 39-тата минута. Јусуф Коне ја прати топката на вистинското место и му овозможи на Мали да се надева дека ќе го надмине успехот од 1999-та кога беше третопласиран. Резултатот остана ист во основното време и се до 101-та минута кога Иван Шапоњиќ ја однесе Србија во финалето.

За да го заокружат и така големиот мундијалски успех, „орелчињата“ треба да минат само уште еден пречка. Но голема! Бразилците го прегазија Сенегал со 5-0 во Крајстчрч. Гиљерме даде два, Босчиља и Жорге по еден гол, а серијата ја отвори Сенегалецот Кореа со автогол уште во петтата минута. „Кариоките“ имаа предност од 2-0 по седум минути од почетниот свиреж, па уште тогаш стана јасно дека се на курс кон шестата светска круна. Ако ја совладаат Србија во финалето, на вечната листа ќе се изедначат со Аргентина, која според шампионските трофеи, се уште е најуспешна на светските првенства за играчи до 20 години.

А на дијаметрално другата страна на глобусот, во Канада, Камерун, Соединетите Америксански Држави и Австралија обезбедија осминафинале на женскиот сениорски Мундијал. Во последното коло, Јапонките беа подобри од Еквадор со 1-0, за прво место на бранителките на тронот во групата „Це“. Камерунките се втори откако ноќеска ја совладаа Швајцарија со 2-1. Еквадор го заврши настапот, а Швајцарките ќе ги почекаат уште преостанатите четири натпревари од групната фаза и ќе се надеваат на пат во елиминациите преку третата позиција. Тоа важи и за Шведска која одигра 1-1 со Австралија во групата „Де“ во којашто Американките го освоија првото место со триумфот над елиминираната Нигерија со 1-0. Вечерва во групаат „Е“ Бразил ќе игра со Костарика, а Јужна Кореа со Шпанија. Во групата „Еф“Франција ќе се сретне со Мексико, а Англија со Колумбија. Во овие конкуренции само Бразилките имаат загаратнирано осминафинале.