Интервентна кардиологија и во „8-ми Септември“

17.06.2015 16:36

Пациентите со инфаркт и други срцеви проблеми нема веќе да се препраќаат од градската општа болница „8-ми Септември“ на Клиниката за кардиологија. Интервенциите од август ќе се извршуваат и во оваа болница. Во фаза на инсталирање е нов ангиограф. На него ќе работат лекари кои биле на обука во Цирих и во Дедиње. Освен кардиолошки, ќе се извршуваат и радиолошки процедури. 

„Со отворањето на модерната ангеографска сала кај нас ќе се отвори една нова ера во болницата, современ ендовакуларен третман на голем број болести“, вели д-р Александар Ѓорески - интервентен радиолог.  

„Тука спаѓаат голем број на дијагностички процедури кои треба да се направат пред оперативен третман, на вродени срцеви маани или други интервенции“, изјави Владимир Ристовски - специјалист по интерна медицина.

До крајот на годината во интервентната кардиологија ќе работат седум лекари, со тоа болницата ќе има 24 часовна подготвеност за кардиоваскуларни интервенции. 

„Просечно имаме еден до двајца пациенти дневно, но кога ќе заживее центарот најверојатно тој број ќе се зголеми. Но, и тоа е доволно тие еден до двајца да останат и да се згрижат во нашата установа. Ќе бидат згрижени на интензивната нега која е оддалечена 50 метри од ангиографот“,  вели д-р сашо стојчев, директор на ГОБ „8-ми Септември“.

Во Скопје има четири ангеографи. На три од нив веќе се работи на клиниката за кардиологија.

„Висок европски стандард е на 200 илјади жители да има еден инсталиран ангеограф, со сите овие ангеографи што ги имаме инсталирано и ставено во функција во Скопје, во Охрид, во Штип, во Битола, во Струмица и во Тетово ние сме над европскиот стандард, односно имаме поставено многу висок стандард на кардиолошка мрежа“, вели министерот за здравство, Никола Тодоров.

Со набавката на новиот ангиограф се подобрува степенот на здравствени услуги. Чини 35 милиони денари.

Андријана Атанасовска